September 28, 2022 15:03
Спорт

За Диeго Карлос заврши сезоната

Бразилскиот фудбалски интернационалец Диего Карлос за чии трансфер од шпанската Севилја, во англискиот премиерлигаш Астон Вила издвои 31.000.000 евра, ја заврши сезоната. Диего Карлос ќе мора да оди на операција поради повредата на на Ахиловата тетива.

Астон Вила денеска потврди дека Бразилецот се здобил со тешка повреда, дека мора да оди на операција и дека ќе паузира девет месеци. Ова значи дека за него сезоната е завршена.

Диего Карлос се повреди во саботата, во финишот на натпреварот со Евертон, кој Вила го доби со 2:1.

Ова е огромен удар за тимот на Стивен Џерард, бидејќи Диего Карлос беше едно од најзвучните засилувања. .

Ќе видиме дали сега Вила ќе тргне во офанзива за да донесе нов стопер.