October 3, 2022 16:49
Свет

Заложничка криза и пукање на Флорида, има жртви

Три лица загинаа во пукање и заложничка криза на собир на Анонимни зависници од дрога на Флорида, соопшти денеска полицијата.

Полициските службеници одговориле на пријавата синоќа дека маж бил застрелан и жена земена како заложник во Еџвотер, во близина на Дејтон Бич, пренесува АП.

Другите лица кои присуствуваа на собирот успеале да избегаат.

Полицијата на Еџвотер во објава на Фејсбук соопшти дека истражителите веруваат дека станува збор за семејна трагедија.

Полицајците се обиделе да стапат во контакт со осомничениот за да преговараат, пред тим за специјални операции да упадне во зградата, но во канцелариите го пронашле напаѓачот и уште две лица без знаци на живот, се вели во соопштението.