October 5, 2022 13:39
Свет

Заложничка криза во банка во Бејрут, вооружено лице бара пари за операција

Вооружено лице држи во заложништво вработени и клиенти во банка во Бејрут, со барање за ослободување на замрзнати средства од неговата сметка.

Во тек е преговори со засега неидентификуваниот маж, а силни полициски сили се распоредени долж фреквентната улица „Хамра” каде се наоѓа банката.

Лицето бара од банката да му бидат вратени парите од неговата блокирана сметка, како би можело да плати операција на неговиот татко, предупредувајќи дека ќе подметне пожар во банката и ќе ги убие сите во филијалата.

„Вратете ми ги моите пари. Немам многу време”, вели тој на снимката објавена преку социјалните мрежи.

Десетици луѓе се собрани пред банката, како поддршка на неговите барања да му бидат вратени парите.