August 10, 2022 23:16
Хроника

„Жешко“ во Охрид: Кумановка на велосипед прегазена од друг велосипедист, напад на питбул, скопски малолетник нападнат со шипка во камп

На 05.08.2022 година во 17.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека близина на хотел на брегот на Охридското езеро, М.Ј( 56) од Куманово, која управувала велосипед, била удрена од друг велосипед, кој го напуштил местото, при што паднала. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.08.2022 година во 01.20 часот во Извиднички Центар во Охрид, А.А.(40) од Куманово го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет нападнал малолетник од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2022 година во 01.50 часот, Ж.М.(24) од Охрид пријавил дека тој и неговото куче на улицата „Марко Нестороски” во Охрид биле нападнати од куче од расата пит бул кое излегло од двор. Се преземаат  мерки за расчистување на случајот.