September 26, 2022 17:58
Балкан

Ердоган ќе ги посети балканските земји

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји и според турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу тоа ја потврдува посветеноста на земјата за мирот и стабилноста во регионот.

– Посетата што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја направи на балканските земји следниот месец ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста на регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот, рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека Турција го поддржува ослободувањето на окупираните азербејџански територии, Чавушоглу рече дека неговата земја стои зад вистината и правдата и повторно ја предупреди Ерменија да се воздржи од нови провокации.