September 28, 2022 15:24
Економија Свет

Европа ќе се соочи со економски колапс поради конфликтот во Украина

Европа ќе се соочи со економски пад поради конфликтот во Украина, изјави денеска финскиот претседател Саули Ниинисто.

Во интервју за финскиот дневен весник „Maseudun Tulevaisus“, тој рече дека луѓето во Финска и другите земји од ЕУ ќе мора да се помират со фактот дека економијата нема да расте од година во година, пренесе ТАСС.

Според Нинисто, тоа може да има негативно влијание врз единството на Европа, бидејќи развојот нагло запира и се зголемува бројот на предизвици.