October 3, 2022 17:23
Спорт

ЕП во атлетика: Рингер златен во машкиот маратон, Ивановски не ја заврши трката

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски не ја заврши маратонската трка, која попладнево донесе неизвесна завршница и триумф на домашниот натпреварувач Рихард Рингер на отворањето на Европското атлетско првенство во Минхен.

Ивановски настапи во конкуренција на 79 маратонци, а учеството го обезбеди со успехот во мај годинава кога на својот трет маратон во кариерата, одржан во Копенхаген, постави нов македонски рекорд со време 2:18,12.

На денешниот прв натпреварувачки ден на Европското првенство во Минхен, германскиот маратонец Рингер на само неколку метри пред целната линија успеа да го престигне Израелецот Мару Тефери и да го освои златниот медал со време 2:10,21. Тефери го освои среброто со секунда послабо време, додека бронзениот медал му припадна на неговиот сонародник Гашау Ајале со девет секунди заостанување зад победникот.

Во женската маратонска трка, златото го освои Александра Лисовска, пред Матеа Парлов Коштро од Хрватска и Холнаѓанката Ниенке Бринкман.