September 26, 2022 17:27
Македонија

Д-р Aндоновски: Новите соеви на Ковид 19 стануваат доминатен проблем кај децата

Бројот на заразени со ковид 19 рапидно рате, а расте бројот и на заразени деца. Ниту тие не се поштедени  во овој бран – вели педијатарот Ангелчо Андоновски за 24 Инфо.

Според него децата се најчувствителни и дека без разлика на возраста, можат да се разболат од коронавирусот. Иако нема место за паника, бидејќи проблематиката е со нелетален исход и се поминува за краток период од 4 до 6 дена, Андоновски вели дека поттикнувањето на имунитетот ќе биде пресуден токму во периодот кој следува а тоа е почетокот на учебната година.

Апелира постојано да се обезбеди максимална хигиена и во училиштата и во градинките да се воведе нов тип на стерилизација и на површините и на воздухот во просториите.

-Важно е да се знае дека повеќето деца кои се инфицираат обично имаат слаби симптоми, многу послаби од возрасните. Исто така, некои деца заразени со коронавирус  дури немаат никакви симптоми. Но генерално, симптоматологијата во овој период кај децата се појава на ларингитис, појава на многу високи температури до 39,5 Ц кои во самиот старт не се намалуваат дури ни со антипиретска терапија, појава на увулит, болки во грлото, изразена кашлица која дури и е проследена со засилен секрет, болки во мускулите на вратот и болки во главата- вели Андоновски.

Крвната слика ги покажува сите специфични параметри кои се очекуваат при ковид 19 вироза, со тоа што ЦРП то може да е мирно, но сепак леукоцитите се забележливо намалени а и железото е ниско.

-Најважно е дека кај бебињата заразени со Ковид 19 треба да се внимава особено на дехидрирањето и леснотата од појава на опстукција или пневмонија , така да бидете внимателни и косултирајте се со вашиот педијатар , следете ја состојбана постојано и будно за да навреме се реагира , доењето е битен момент да не дојде до дехидрација. Доколку забележите засилено кашлање појачан секрет и свирежи во градите веднаш да се јавите кај вашиот педијатар – вели Андоновски.

Доста моменти можат да се издвојат во овај нов бран кој секако беше очекуван дури и кај децата.

Според него, согледувајќи ги сите научни, а и емпириски факти ова е едно ново секојдневие особено кога станува збор за кај децата  и дека секојдневно во одредени интервали ќе има мутации кои секако ќе не поминуваат постојано.

Заштитата кај децата особено треба да дојде од страна на нивниот имунолошки систем кој е способен да учи и да се надоградува. Родители нека прва задача ви биде работата врз детскиот имунитет како би можел нивниот организам да се справи што побрзо со самата вироза предизвикана од било кој сој на Ковид 19 или САРС КОВ 2 . Иако нема место за паника , бидејќи проблематиката е со нелетален исход и се поминува за краток период од 4 до 6 дена ќе напоменам дека треба да сме внимателни и дека  поттикнувањето на имунитетот ќе биде пресуден токму во периодот кој следува а тоа е почетокот на учебната година. Апелирам постојано да не се занемари најбитниот фактор да се превземе се најнеопходно да се обезбеди максимална хигиена и во училиштата и во градинките да се воведе нов тип на стерилизација и на површините и на воздухот во просториите .

Да се наметне нова здравствена култура каде експертите и стручните лица ќе говорат и ќе го запознаваат народот со се што може да се случува кога станува збор за Ковид 19 а со тоа ќе се заштитат од можните последици. Борбата сигурно ќе продолжи но да сме подготвени да спремно се дочека се што би можело да доведе до компликација а се мисли на подобрена контрола на сите заболувања кои ги имаме , превенција на болести , развивање на медицинска култура која ќе биде на врвно ниво во поглед на навремено следење на секаков вид на проблематика , дури и по старосни граници , примарната и секундарната здравствена заштита , подобрување и овозможување на повеќе термини кај сите лекари и ред други подобрувања на системот кои се неопходни за да се бориме соодветно , бидејќи сме сведоци дека сето оваа погоре споменатото е уназадено  и застанато а тоа е погубно. Затоа да обрнеме внимание на нашите најмили , на нашите деца , да се заштитиме и ние соодветно и да внимаваме и да се придржуваме на сето она кое беше корисно , носење на заштита во затворени простории и посебна хигиена како на рацете така и на предметите и просториите а и на самиот воздух. Да сториме се за да победиме , да сториме СЕ ЗА ДЕЦАТА- вели Андоновски.

Валентина Ангеловска

Поврзани вести

За три дена нови 96 случаи на коронавирус, починаа 4 лица

Igor

Ударите од Клементина не биле причина за смртта на Тот, смета одбраната на обвинетата

Igor

Таравари: Ако добиеме понуда за влегување во Влада, ќе ја разгледаме

Igor