October 1, 2022 20:59
Магазин

Дуетот Бритни-Сер Елтон најверојатно ќе биде една од најдобрите музички соработки

Иако сè уште во најава, дуетот Бритни Спирс и Елтон Џон се очекува да биде голем хит, пишуваат западни медиуми и додаваат дека со сигурност ќе се најде на листата најуспешни музички соработки на сите времиња. Откако се појавија гласини за „песна на летото“ која доаѓа наскоро, Бритни  и Сер Елтон конечно го потврдија нивниот заеднички сингл.

Hold Me Closer ќе биде нова изведба на култниот хит на Сер Елтон од 1971 година Tiny Dancer, а исто така, ќе го одбележи првото издание на Спирс од 2016 година и прво по укинувањето на 13-годишниот т.н. конзерваторски надзор.

Инсајдер близок со парот изјави за „Пејџ сикс“: „Ова беше идеја на Елтон, а Бритни е негов голем фан. Тие снимија ремикс на Tiny Dancer како целосен дует – и тоа е неверојатно.“

„Двајцата работеа на своето ‘супертајно снимање’ во студио во Беверли Хилс. Врвниот продуцент Ендрју Ват го надгледуваше снимањето“, додаде изворот.

Ако еден голема музичка нумера стане хит, тогаш замислете две или повеќе заедно. Од љубовни балади до рок химни, неколку музичари соработуваа, но само неколку го дадоа тонот и хемијата за совршен хит, пишува „Старс инсјадер“, набројувајќи повеќе успешни музички соработки од минатото.

Мало потсетување на оригиналната песна на Сер Елтон Џон од 1971 година: