August 15, 2022 20:51
Балкан

Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ѝ ја врачи титулата „почесен амбасадор на Косово“ на светски познатата албанска пејачка Дуа Липа.

По тој повод Османи во име на сите граѓани на Косово ѝ се заблагодари на Липа за се што направила гласот на Косово да се слушне низ целиот свет, се вели во нејзината објава на Фејсбук.

Претседателката на Косово додаде дека Дуа Липа го користи својот глас и талент не само за да му понуди на светот песни кои оставаат трага, туку, како што наведе, да ја претстави најдобрата слика за Косово насекаде во светот.

Инаку, Дуа Липа е родена и израсната во Приштина. Во текот на нејзината шестгодишна кариера, таа постојано нагласуваше дека е горда на своето потекло.

Липа деновиве е во Приштина и вчера настапи на третото издание на фестивалот „Сани хил“ во Националниот парк Гермија, кој донесе многу големи имиња од светската музика, но и локални изведувачи.

Овогодинешното издание на фестивалот се организираше под мото за укинување на европските визи за Косово.