October 5, 2022 14:13
Спорт

Динамо по вторпат го победи Лудогорец за плеј-оф во ЛШ

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе играат во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите, откако и на реваншот од 3. квалификациско коло славеа против бугарскиот шампион Лудогорец.

По триумфот од 1-2 на првиот меч во Разград, Динамо славеше и вечерва во Загреб со убедливи 4-2.

Во меч во кој Бугарите заработија дури три црвени картони, Ристовски го одигра само првото полувреме за домашните, а Адеми го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион.
Динамо имаше сигурно водство од 3:0 во финишот на првиот дел, но иако со фудбалер помалку, гостите во 49 минута намалија на 3:2.

Се чини дека „модрите“ калкулираа и одеа на сигурно па немаше многу возбудувања пред голот на гостите. Сепак во финишот Динамо од пенал ја осигура победата, кога беше исклучен и третиот фудбалер на Лудогорец, а црвен картон доби и некој од клупата на гостите.

Во плеј-оф колото за место во групната фаза од Лигата на шампионите, Динамо Загреб ќе се соочи со норвешкиот Бодо/ Глимт.