October 6, 2022 13:40
Македонија

Димовски: Цар Самоил е Бугарин колку што Драги Ѓоргиев е од Единбург

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на неговиот фејсбук профил го коментираше денешниот брифинг на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која меѓудругото, донела Препораки за заедничко одбележување на Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски и Цар Самоил.

– 856 година Св. Климент како христијанин го остава световниот живот и оди во манастир (9 години пред Бугарија да прифати христијанство);
-во 863 година Св. Климент веќе бил на христијанска мисија во Моравија; но дури во
-865 година Бугарија го прифаќа христијанство (каде тој пристигнува 20 години подоцна, исто така на христијанска мисија)…
-2022 год. Бугарија вели дека Климент е Бугарин и е праќан на мисии од Бугарија, а тој христијан дури и пред нивниот цар…

П.С. Кирил и Методиј се Бугари колку што јас сум од Индонезија…
П.С. Цар Самоил е Бугарин колку што Драги Ѓоргиев е од Единбург…