October 3, 2022 16:11
Спорт

Димковски е МВП, четири Македонци во „ол-стар“ тимот

Македонската репрезентација до 18 години дојде до титула на ЕХФ Шампионатот во Летонија со победа во финалниот меч против Швајцарија (24-22), а по последниот дуел се прогласени и најдобрите.

За МВП на шампионаот е прогласен Томислав Димковски кој имаше импресивна партија во мечот за титула на Македонија. Во „ол-стар“ тимот покрај за Димковски имаше место и за левото крило Михаел Тотиќ, голманот Давид Брестовац и десното крило Александар Петковски.

Македонија У18 со победата на ЕХФ Шампионатот обезбеди место на СП 2023 и ЕП 2024.