December 9, 2022 23:57
Македонија

Деновиве врнежи над 30 литри на квадратен метар, од понеделник стабилизирање на времето

До недела, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што соопшти УХМР, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Во текот на овој период, како што информира Управата, се очекува на места да наврнат над 30 литри на квадратен метар.

Температурите ќе бидат во опаѓање и под просекот за овој период од годината, а од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.