September 28, 2022 14:41
Скопје

Дел од општина Кисела Вода утре без вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Ѓорѓи Сугаре”, „Петар Делјан” и на булеварот „Борис Трајковски”.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје,  прекинот е поради промена на водоводни затворачи на булеварот „Борис Трајковски”,  до црквата кај општина Кисела Вода.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.