September 26, 2022 18:31
Свет

Гутереш: Човештвото од нуклеарно уништување го дели само една погрешна проценка

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека „само едно недоразбирање, една погрешна проценка го дели човештвото од нуклеарно уништување”.

Тој го рече ова на почетокот на долго одложуваниот состанок на високо ниво во ОН за ревидирање на меѓународниот договор за неширење на нуклеарното оружје.

Гутереш посебно ја спомена војната во Украина и заканата со нуклеарно оружје во конфликтите на Блискиот Исток и Азија.

Тој додаде дека сегашната опасност од нуклеарен конфликт „не е видена уште од екот на Студената војна”.

Договорот за неширење на нуклеарно оружје е во сила од 1970 година и е потпишан од 191 земја.

Тогаш петте првични нуклеарни сили, САД, Кина, Русија (тогаш Советскиот Сојуз), Велика Британија и Франција, се согласија да преговараат за идно елиминирање на нивните арсенали.

Државите кои не поседуваат нуклеарно оружје се обврзаа дека нема да го развиваат, во замена за гаранција дека ќе можат да ја користат нуклеарната енергија за мирољубиви цели.