December 10, 2022 07:25
Спорт

Грција втор противник на македонските кошаркари на кадетското ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација која вчеравечер ја победи Црна Гора со 69:62, денес ќе го одигра натпреварот од второто коло во Д-групата на Европскиот шампионат А-дивизија. Противник на „црвено-жолтите” ќе биде селекцијата на Грција.

Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале” во Скопје со почеток во 18:45 часот.

Грчкиот состав на овој меч ќе влезе како фаворит. Грците синоќа со убедливи 75:47 ја победија Шпанија и покажаа дека се едни од главните претенденти за медал.

Резултати на другите натпревари на првиот ден на Евробаскет У-16 што се одржува во Скопје:

Израел – Холандија 81:55
Летонија – Полска 54:87
Италија – Турција 77:51
Литванија – Франција 73:41
Словенија – Данска 60:42
Србија – Хрватска 77:86.