October 1, 2022 19:14
Свет

Греењето во јавните згради во Германија до 19 степени, спомениците и рекламните паноа нема да бидат осветлувани

Германскиот министер за економски прашања Роберт Хабек денеска објави нови регулативи за заштеда на енергија во земјата, поради стравувањата од недостиг на енергенси.

Загревањето на просториите во јавните згради ќе биде органичено на 19 степени Целзиусови, а јавните објекти и спомениците нема да бидат осветлувани, како и рекламните паноа, ја пренесува изјавата на Хабек баварскиот весник „Зидојче цајтунг”,

„Неопходни се и дополнителни заштеди во работните средини, вели тој без да посочи повеќе детали. Притоа истакнува дека по прашањето се водат разговори во ресорното Министерство за труд.

Во јули, Хабек претстави пакет за енергетска стабилност во услови на нагло намалување на испораките на руски гас. Притоа беше посочена потребата од намалување на потрошувачката на гас во компаниите, деловните згради и во приватните домаќинства.

Министерството за економија сега планира дополнителни мерки за енергетска ефикасност, за што се разговара во координација со другите владини ресори.

Предвидените мерки засега се предивдува да бидат на сила за период од шест месеци.