September 26, 2022 19:05
Македонија

Го зголемуваме борјот на образовни асистенти за учениците со попреченост, јавниот оглас е веќе објавен

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

Владата предводена од СДСМ продолжува со грижата за сите категории граѓани, продолжува да инвестира во образованието.Го подигнуваме степенот на инклузивност во воспитно – образованиот систем.

Во тој правец е и воведувањето на услугата образовна асистенција како обврска на државата уредена со закон.

Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и не е на трошок за семејствата на учениците.

Минатата година беа ангажирани 500 образовни асистенти низ целата држава.

Од следната учебна година, имајќи ги предвид барањата и потребите на родителите, бројот на образовани асистенти ќе се зголеми на 720.

Денеска веќе е и објавен огласот за вработување на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата.

На овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем.

Унапредување на инклузијата, еднакви можности на децата и лицата со попреченост се врвни приоритети на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за сите граѓани.