October 6, 2022 11:29
Хроника

Голем пожар вечерва кај Прилеп, гори хала за откуп на земјоделски производи

Во 20.15ч. од страна на ТППЕ Прилеп ПОРКОА РЦУК Битола е известен дека во 20.04ч. од ТППЕ Кривогаштани биле известени дека гори хала за откуп на земјоделски производи на патот помеѓу селата Крушеани и Обршани.

Од ТППЕ Прилеп испратено е 1ПП возило со 3 пожарникари.

Во 20.19ч. од страна на РЦУК Битола е контактирани се од ТППЕ Кривогаштани кои рекле дека нема потреба од дополнителни екипи, пожарот е под контрола, во моментот се вадат таблите од стиропор за да се спречи ширењето на пожарот.

Во 20.16ч. е известен РЦУК Прилеп. Известено е и СВР Битола.

По завршување на настанот ќе биде испратена дополнителна информација.