September 26, 2022 18:36
Свет

Годинава рекордна по бројот на пожари во југозападна Европа

Пожарите што уништија десетици илјади хектари шума во Франција, Шпанија и Португалија ја направија 2022 година рекордна кога станува збор за југозападна Европа, соопшти денеска Службата на ЕУ за сателитско следење.

Поради долготрајните тропски горештини што резултираа со температурни рекорди, во Франција последните три месеци регистрирани се рекордно високи параметри на загаденост на воздухот до јаглероден диоксид, од почеокот на мерењата во 2003 година. И во Шпанија минатиот месец беше забележана најголема емисија јагероден диоксид во историјата откако се следат пожарите.

Службата наведува дека поголемиот дел на западна Европа сега е во „екстремна опаснот од пожари”, а во некои подрачја и „мошне екстремна”.

Гледано глобално, досега 2022 година е четврта споредувано по интензитетот на загадувањето на атмосферата со јаглероден диоксид предизвикан од шумски пожари.

Научниците велат дека топлотните бранови проследени со екстремно жешко и суво време во западна Европа веројатно се и последица на климатските промени предизвикани од човекот.