August 15, 2022 20:46
Скопје

ГРОМ: Драган Илиевски, назначен за в.д. директор на ЗОО-Скопје, не е член на нашата партија

Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ во целост ги демантира наводните објави во дел од медиумите дека лицето Драган Илиевски назначен за в.д. директор на Зоолошката градина во Скопје, е член или некогаш бил член на нашата партија.

Претходно и Илиевски ги демантира пишувањата во одредени медиуми дека е член на ГРОМ, а забелешки за начинот на неговиот избор имаат и од СДСМ.

-Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа. асно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ. Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени, вели Илиевски во демантот.