October 1, 2022 19:43
Спорт

ГН на Австралија нема да биде прва трка во Формула 1

Трката од Светското првенство во Формула 1 за Големата награда на Австралија, која со години беше воведна трка во календарот, нема да биде почетна станица за возачите ниту во 2023 година

ГН на Австралија ќе се вози на 2 април 2023 година, објавија денеска организаторите, кои веќе ги пуштија во продажба билетите.

Поради згуснатиот календар се очекува новата сезона повторно да почне на друго место надвор од Австралија.

Оваа година отворањето беше во Бахреин, по што уследи ГН на Саудиска Арабија. Австралија беше трета во календарот на Ф1.

Патеката „Алберт Парк” во Мелбурн повторно би можела да биде воведна трка во Формула 1 во 2024 и 2025 година.