September 26, 2022 17:58
Македонија

ГЕРБ:Македонија во моментов е во процес на премин од една во друга цивилизациска зона

Истакнатиот пратеник во штотуку распуштеното бугарско Собрание, Тома Биков од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, тврди дека по 150 Бугарија и Македонија имаат шанса да бидат во еден заеднички геополитички простор.

Во разговор за Бгнес тој вели дека „Македонија во моментов е во процес на премин од една во друга цивилизациска зона, од еден во друг геополитички простор. Овој тип на процес е секогаш поврзан со различни кризи, вклучително и кризи на идентитетот“.

Според Биков, преместувањето од еден во друг геополитички простор дава нови слоеви на идентитетот. Во Бугарија тој процес траел од 1989 до 1998 година.

Тој вели дека Македонија од веќе непостоечкиот простор на поранешна Југославија со почетокот на преговорите со ЕУ ќе се пресели во кон европскиот и западниот простор.

Биков се навраќа на османлиските времиња.Тој вели дека во новата геополитичка реалност претставниците на официјалната позиција ќе станеле маргиналци..