October 3, 2022 17:32
Балкан

Вучиќ: Под превез на борба против криминалот, Приштина се подготвува да ликвидира Срби на северот на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска предупреди дека приштинските власти „под превезот на борба против криминалот“ подготвуваат ликвидација на Срби на северот на Косово, пренесе Бета.

Вучиќ ги отфрли тврдењата на Приштина дека неодамна биле пукано кон припадниците на косовската полиција на територијата на централна Србија и додаде дека Србија „нема да дозволи никому, па ни НАТО“ да пука врз припадниците на српската армија и полиција на административна линија.

„Оние кои зборуваат за неутрализирање на наводните криминални структури на северот на Косово, ги предупредувам да не се ни обидуваат да направат нешто такво“, изјави Вучиќ.

Коментирајќи ја претстојната средба со Албин Курти на 18 август во Брисел, Вучиќ рече дека на средбата оди „со добра волја“, но дека е „многу скептичен“ дека е можно за да се постигнат „какви било резултати“.

„Тие не сакаат никаков компромис. Се што досега рекоа е дека ќе ја наметнат својата волја. За нив е важно Квинтата да ги поддржи и не ги интересира што ќе кажат Србите, а уште помалку што ќе каже Белград, изјави Вучиќ.