October 5, 2022 14:11
Спорт

Враќањето во Барселона не е во агендата на Меси

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Лионел Меси нема намера да се врати во редовите на Барселона откако ќе му заврши договорот со францускиот ПСЖ, со што ги урна надежите на првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта.

Меси цели 20 години помина во Барселона, но минатото лето се пресели во ПСЖ поради тешката финансиска ситуација во која се ноаѓа каталонскот тим.Но, Лапорта летово во неколку наврати изјави дека посакува Меси да се врати во Барселона и дека вратите од „Камп Ноу“ секогаш ќе бидат отворени за Аргентинецот кој заслужува да се пензионира како играч на тимот во кој помина 20 години.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува идната година, но весникот „Мундо Депортиво“ пренесува изјава од лице блиско до Меси кое порачува дека Аргентинецот не размислува за враќање во Барселона. Весникот пишува дека фокусот на Меси сезонава е настапот со репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар, како и атакот на титулата во Лигата на шампионите со ПСЖ, а за својата иднина ќе размислува дури идната година.