October 3, 2022 17:03
Македонија

Во сабота со концерт на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор

Во сабота со концерт на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Настанот е организација на Министерството за политички систем, на чие чело е Артан Груби

-Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира ,,PEACE FESTIVAL”, како и Школа за млади лидери ,,Peace Forum Dialogue”.

Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот Скендербег во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска.

Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија- објавено е на страницата на министерството.

Музичкиот настан ќе се одржи на 13-ти август, во сабота, со почеток од 21 часот.