October 5, 2022 15:02
Свет

Во бомбашки напад во Кабул убиен угледен авганистански свештеник

Во бомбашки напад во Кабул е убиен истакнат талибански свештеник. Тој загинал во својот верски центар во главниот град на Авганистан, соопштија властите. Официјалните лица го идентификуваа свештеникот како Рахимула Хакани, кој дипломирал на исламски универзитет во Пакистан со долгогодишни врски со талибанците.

Талибанците ја потврдија смртта на Хакани и рекоа дека тој бил „голема личност и академик” и дека бил убиен во „брутален напад од непријателот”.

Се уште никој не ја презел одговорноста за убиството.

Локалниот огранок на терористичката група Исламска држава ги напаѓа талибанците и цивилите откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатиот август, додека трупите на САД и НАТО сè уште беа во завршна фаза на повлекување од земјата.

По нападот, талибанските војници ги спречија новинарите во Кабул да стигнат до верскиот центар на Хакани. Талибанските власти, исто така, не прецизираа каков тип на бомба експлодирала, ниту дали некој друг бил убиен или ранет во нападот.