October 6, 2022 12:57
Магазин

Во Чешка е основана нова партија, имаат само една цел: Доста е од овој велосипедски терор

Годинешните локални избори во Чешка, меѓу другото, ќе се занимаваат и со правата на возачите, откако беше најавено дека во изборната трка за Прага ќе влезе партија, во чија програма се акцентирани укинувањето на велосипедските патеки и генерално, судир со велосипедисти.

Тие, според основачот и претседател на партијата Петар Мацинка, поранешен портпарол на поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус, сакаат да го прекинат силеџиството на кое се изложени сите возачи на моторни возила откако градоначалникот на Прага Зденек Хриб, тврди Мацинка „овозможи во Прага драстично да се зголемува бројот на фанатични велосипедисти кои ги ограничуваат и малтретираат возачите.

-Сакаме да ги срушиме сите бариери кои актуелниот заменик градоначалник Адам Шајнхер ги постави пред возачите. Ќе ги ревидираме сите велосипедски патеки што ги воведоа и едноставно ќе ги избришеме – најави Мацинка, чија партија настапува под името „Возачите сами за себе“.

Покрај велосипедските патеки, возачите сакаат да ревидираат и бројни ознаки на патиштата кои ги спречуваат работите на патиштата и за кои најавуваат и ревизија, а единствена алтернатива на автомобилите ја гледаат метрото, кое според нив треба да биде бесплатно за граѓаните.