August 19, 2022 13:13
Балкан

Во Словенија помал авион принудно слетал на автопат

Помал авион принудно слетал на автопат кај Брезје во насока кон Јасеница во Словенија. Како што соопштила локалната полиција, во авионот имало две лица, кои не се повредени. Додале дека е обезбеден делот од патот каде се случило принудното слетување.

Според зборовите на словенечките служби за безбедност и спасување, во околу 14:30 часот добиле пријава дека авионот принудно слета на автопат. Според извештаите, авионот при слетувањето удрил во банкината и се превртел.

Луѓето кои се наоѓале во авионот успеале самите да излезат од него, пренесува “N1”. На самото место има пожарникари од Крањ и Јасеница, како и припадници на доброволните пожарни служби од Радовљица.

Како што било кажано на аеродромот во Лесце, авионот полетал од нивната писта и се било во ред до моментот додека не ја изгубиле комуникацијата со него. Во текот на летот, пилотот се поврзал на фреквенцијата со службите на словенечката контрола за авио-сообраќај.

Според информациите до кои дошла “N1”, авионот имал проблеми со моторот. Пилотот јавил дека е принуден да слета и тоа го направил на автопат.  Понатамошната истрага ќе утврди дополни детали поврзани со овој настан.

Засега е познато дека авионот летал на околу 300 метри над нивото на морето, во реон кој не го контролира словенечката контрола за летање и каде во главно летаат спортски авиони.

Сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива во една насока насока, а се создале и метежи во насока кон Јасеница.