September 26, 2022 17:18
Хроника

Во Скопје вчера санкционирани 195 возачи и 50 мотоциклисти

Вкупно 195 мерки, меѓу кои 32 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола и 50 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли се изречени во текот на вчерашните засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територија на град Скопје.

Како што информираат од МВР, изречени се и 10 мерки за нерегистрирани возила, шест за минување на црвено светло на семафор, пет за користење мобилен телефон,…

Од МВР најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.