October 3, 2022 17:42
Свет

Во САД евидентирани рекордно високи ноќни температури во месец јули

Во континенталниот дел на САД во јули беше поставен рекорд за ноќни горештини.

Просечната најниска температура во јули беше 17,6 степени Целзиусови, со што го надмина рекордот од 2011 година за неколку делови од степенот.

Тоа не е само најтоплиот ноќен просек за јули, туку и за кој било месец во 128-те години од почетокот на водењето евиденција, рече Карин Глисон, климатолог од американската Администрација за океани и атмосфера. Најниската јулска ноќна температура била повеќе од 1,7 степени Целзиусови над просекот за дваесеттиот век.

Научниците одамна сфатија дека ноќните температури се од клучно значење за здравјето.

„Кога дневните температури се на рекордно високо ниво или блиску до рекордно ниво и нема можност за закрепнување во текот на ноќта со намалување на температурите, растенијата, животните и луѓето се под голем стрес” рече Глисон. – Ова е сериозно, потенцираше тој.

Во Тексас, каде просечната месечна дневна температура за првпат во јули надмина 37,8 степени Целзиусови, а електроенергетскиот систем беше под силен притисок, просечните ноќни температури беа 23,5 степени Целзиусови, 2,2 степени над просекот од дваесеттиот век.

– Навечер се загрева побрзо бидејќи дневното затоплување задржува повеќе влага во воздухот, а ја задржува топлината ноќе, објасни Глисон.