October 3, 2022 17:22
Хроника

Во Пехчево тешко повреден работник од Иран, паднал од кров

На 12.08.2022 во 16.15 часот во СВР Штип е пријавено дека во Итната медицинска помош Пехчево бил донесен повреден Б.М. од Иран. Според пријавеното, тој околу 15.30 часот, додека извршувал работни задачи како вработен во фирма, паднал и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Штип. Полициски службеници излегле на местото на настанот.