December 2, 2022 10:05
Свет

Во Велика Британија уапсено лице за кое се верува оти е дел од ќелија на ИД

Машко лице, за кое се верува дека е член на терористичката ќелија на ИД, „The Beatles”, е обвинето за тероризам по апсење во Велика Британија, соопшти денеска британската полиција.

На 38-годишниот Ејн Дејвис му е одреден притвор и подоцна треба да се појави пред суд. Тој е уапсен на аеродром, по депортација од Турција.

Дејвис, кој негира оти бил дел од екстремистичка група, е обвинет и за поседување огнено оружје.