August 10, 2022 21:42
Балкан

(Видео) Словак загина во судир со словенечки и српски автомобил во Хрватска

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот во правец кон Загреб. Според хрватските медиуми, се судриле три возила – со словенечки, словачки и српски регистарски таблички.

Несреќата се случила денеска во 10 часот и 30 минути, а едно лице починало, додека седум лица се пренесени во болница.Згинатиот е Словак на возраст од 46 години.

Поради несреќата на автопатот настанал голем метеж и се формирала колона долга 10 километри.