October 3, 2022 16:17
Балкан

(Видео) Полицаецот кој со глисер го усмртил седумгодишното девојче во Албанија го нападнал нејзиниот татко !

Арјан Тасе, поранешен полициски началник во албанскиот град Химаре, е осомничен за убиство со глисер на седумгодишното девојче Јонада Авдија на 2 август во забранета зона за пловни средства, додека девојчето заедно со татко му пливале на петнаесетина метри од брегот.

По истекот на 72-часовниот рок за оставка или разрешување на министрите Бленди Чучи, за внатрешни работи, Мирела Кумбаро, за туризам и генералниот директор на полицијата Гладис Нано, за утре пред Министерството за внатрешни работи во Тирана закажан е нов протест, откако во четвртокот илјадници граѓани се приклучија во знак на револт за она што се случи во Потам кај приморското градче Химара.

Осомничениот полициски началник откако го усмртил девојчето со глисер, кога се вратил на копно се тепал со нејзиниот татко Бледар Авдија.

Тасе тврди дека изгубил контрола над глисерот, но сведоците кажале дека изведувал опасни маневри преблиску до брегот.

Таткото на девојчето за локалните медиуми кажал дека се капел со ќерката во близина на брегот кога го забележал белиот глисер како ита во негов правец.

„Дојде со голема брзина до мене и неа. Јас нурнав, а глисерот удри директно во мојата ќерка“, изјавил таткото.

Сведоци на трагичниот настан снимиле како Тасе се тепа со таткото на девојчето додека луѓе од плажата се обидуваат да ги раздвојат.