September 28, 2022 14:16
Свет

(Видео) Пелоси пристигна во Тајван

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси слета на аеродромот во Тајпеј, Тајван, пренесува АП.

Авионот полетал утрото од Куала Лумпур на исток кон Борнео на рута која го заобиколувала Јужното Кинеско Море.

Борбени авиони на воздухопловните сили на Кинеската Народноослободителна армија полетаа вечерва по локално време во правец на Тајван, јавува кинеската централна телевизија. Ова го потврди и АФП.