September 28, 2022 15:28
Спорт

(Видео) Меси ја отвори сезоната со спектакуларни „ножички“

Ако минатата сезона започна споро и му требаше време да се прилагоди на новата средина, Меси годинава е оној стариот. Блесна во Израел на Суперкупот против Нант, а и во првиот натпревар за бодиви остави трага.

Аргентинецот постигна два гола во победата од 0-5 против Клермон, а еден беше спектакуларен и необичен. Имено, во самиот финиш Меси го искористи убавото додавање на нејмар и атрактивно со „ножички“ ја смести топката во домашната мрежа.

Аргентинскиот генијалец ја игра последната година од договорот со клубот од Париз.