October 3, 2022 16:32
Магазин

(Видео) Мерлин Монро: Животот на легенда

Мерлин Монро го симболизира гламурот и убавината на Холивуд во неговото златно доба. До моментот кога таа неочекувано почина во 1962 година, нејзините филмови заработија 200 милиони американски долари, а таа останува трајна икона на сребрениот екран.

Нејзината блескава кариера и трагичен личен живот продолжуваат да ја пленат публиката ширум светот.

Шеесет години по нејзината смрт, Фановите на Монро ќе ја видат филмската икона во сосема ново светло.

Филмот за животот на Мерлин Монро,  Blonde („Русокоса“), ќе почне да се емитува на „Нетфликс“ во септември – 10 години по прикажувањето на документарниот филм Love, Marilyn.

Биографскиот филм, сценарио и режија – Ендрју Доминик, Ана Де Армас во главната улога – е еден од најочекуваните филмови на есента.

Претстојниот филм, базиран на истоимената книга на Џојс Керол Оутс,  треба да биде еден посуров и пооткриен поглед на нејзиниот живот и кариера.

Монро, родена како Норма Џин Мортенсон, глумеше во повеќе од 30 филмови пред нејзината прерана и мистериозна смрт во 1962 година. Оттогаш е дел од класичната американска кинематографија.

Мерилин настапува за американските војници во Кореја, февруари 1954 година