December 6, 2022 01:21
Магазин

(Видео) „Експресен воз“ со Бред Пит и Сандра Булок пристига во киносалите

Најновиот филмски хит „Експрен воз“ (Bullet Train) ја имаше својата светска премиера во Париз минатиот месец, а во кината низ Европа треба да почне да се прикажува од 5 август.

Заснован на популарниот јапонски роман на Котара Исаке, овој акционен трилер се врти околу пет убијци кои сите се качуваат во истиот титуларен воз и наскоро сфаќаат дека нивните мисии се меѓусебно поврзани.

Приказната на „Експресен воз“ следи платен убиец кого го глуми една од најголемите холивудски ѕвезди – Бред Пит.

Тој комуницира со мистериозна жена Марија Битл (Сандра Булок), која го воведува во мисија, која на прв поглед се чини многу лесна. Меѓутоа, кражбата на обичен куфер се претвора во очајнички обид за бегство од најбрзиот воз на светот.

Бубамара (Бред Пит) е платен убиец без многу среќа, решен да си ја врши својата работа на помирен начин откако неколку мисии тргнале наопаку. Сепак, судбината има различни планови бидејќи новата мисија го доведува во судир со опасни убијци од целиот свет – сите со поврзани, но со спротивставени цели во најбрзиот воз на светот… и затоа тој мора да најде начин да избега.

Овој акционен трилер со примеси на комедија секако ќе биде вистинско летно освежување во домашните кина. Режисерот Дејвид Лич веќе го потврди својот „занает“ работејќи на хитовите „Дедпул 2“, Брзи ибесни“, „Џон Вик“ и „Хобс и Шо“.

Коментирајќи го филмот во интервју за „Емпајр“, Лич неодамна изјави: „Го слушате насловот Bullet Train и мислите: тврда акција. Но, всушност тоа е забавен, комичен акционен трилер“.

Пред да стане режисер, Лич му беше каскадер на Пит во „Господин и госпоѓа Смит“, „Троја“, „Оушн’с 11“ и „Игра на шпиони“. Ова дуо најверојатно ќе ја продолжи успешната низа со претстојниот акционен спектакл.