Постар брачен пар од Висконсин им подлегна на повредите кога денеска ги удри гром во близина на Белата куќа во Вашингтон, соопшти полицијата.
Загинаа Џејмс Милер (76) и Дона Милер (75), а уште две лица, кои беа погодени од громот, се хоспитализирани, јавува Би-би-си. Жртвите биле во паркот „Лафајет“ за време на вчерашното невреме кога биле погодени од гром, соопштија пожарникарите.
Паркот е во близина на седиштето на американското претседателство, па членовите на американската тајна служба беа меѓу првите што им помогнаа на настраданите. Белата куќа изрази сочувство до семејствата на жртвите и повредените.
UPDATE: 2 dead, 2 critically injured in lightning strikes in front of the White House pic.twitter.com/IVivIeQIfc
— BNO News (@BNONews) August 5, 2022