December 10, 2022 00:54
Свет

(Видео) Бајден не може ниту палто да облече

Американскиот претседател Џо Бајден е на мета на критики од како го почна својот мандат, пред се поради гафовите кои ги прави, а кои неговите противници ги користат како аргументи за неговата неспособност да ја извршува функцијата.

Поледната незгодна ситуација на Бајден му се случи вчера кога по излегување од хеликоптерот не успеал да си го облече палтото, а првата дама морала да му пријде на помош.

Но само неколку моменти подоцна се случила уште една лоша среќа и му испаднале очилата за сонце.

Клипот беше објавен на „Твитер“ со коментар: „Бајден не може ни јакна да облече. Ова е само тажно. И станува сè потажно“.

Многу луѓе го коментираа видеото како уште една негова несреќа што го прослави, но многумина го бранат велејќи да го остават на мир бидејќи неодамна имал Ковид-19.