September 28, 2022 14:51
Балкан

(Видео) Авион на „Виз ер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на Скијатос

Авион на „Виз ер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на грчкиот остров Скијатос. На драматичната снимка може да се забележат ентузијасти кои често на приодот до островот чекаат авионот да слета на пистата, која е многу блиску до брегот.

Но и искусните во вакви ситуации не биле подготвени за слетување на „ербасот“ на компанијата „Виз ер“ кој им поминал точно над главите и едвај ја прелетал заштитната ограда на аеродромот.

Авионот слетал безбедно и нема повредени. Бидејќи пистата на аеродромот на Скијатос е релативно кратка, пилотите мора да ѝ пријдат што е можно пониско за да застанат.

Околу аеродромот има предупредувања дека пристапот е забранет, но луѓето, како што може да се види на видеото, главно ги игнорираат, пренесува Блиц.рс.