August 10, 2022 23:31
Хроника

Вечерва сообраќајна несреќа на патот Тетово-Гостивар: Три лица се повредени

Вечерва во 20 и 45 минути, во СВР – Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучката за тетовско Камењане, а во која учествувале две патнички моторни возила од кои едното со странски регистарски ознаки. Три лица, првично, се здобиле со повреди и пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираа од Министерството за внатрешни работи.

По сообраќајката започна да се врши увид, а сообраќајот се одвива забавено.