December 6, 2022 22:55
Балкан

Велосипедист во Загреб пропаднал со тркалото во трамвајска шина и загинал на самото место

Маж загинал во малку невообичаена несреќа што се случила вчера во Загреб. Како што соопшти хрватската полиција, 69-годишен маж управувал велосипед „елопс“ во Медвешчак. Се движел по патот на Драшковиќ, каде што нема велосипедска лента, по источните трамвајски пруги по десниот раб на коловозот, во правец на север.

Свртел на десно и со задното тркало пропаднал во жлебот на трамвајската шина, изгубил контрола над велосипедот и паднал на асфалтот. Човекот починал на самото место, соопшти полицијата.

Од таму додаваат дека телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика. Поради споменатиот настан, од 12:05 до 14.30 часот трамвајскиот сообраќај бил во прекин.