October 1, 2022 20:25
Балкан

Брѓанин: Ги убил потстанарите, а потоа уште седум лица

По повеќето верзии кои се појавија во медиумите веднаш по повеќекратното убиство во Цетиње каде попладнево животот го загубија 11 лица меѓу кои две се деца се огласи директорот на Полициската управа во Црна Гора, Зоран Брѓанин со официјални информации кои ги имаат на располагање.

Човечките животи се највредни и ненадоместливи, а денеска загубивме 11 граѓани и граѓанки меѓу кои и две деца. Се сочувствувам со семејствата на настраданите во свое лично име и од име на Полициската управа. Бидејќи во моментите на трагедијата не бев во Подгорица вечерва ќе заминам за Цетиње. Се надевам дека повредените брзо ќе закрепнат.

Според засега познатите информации денеска околу 15,30 часот триесетичетиригодишниот В.Б. од Цетиње пукал во семејството кое живеело во неговата куќа во населбата Медовина. Во оваа прилика употребил ловџиска пушка и убил две деца, едно на осумгодишна возраст и другото на 11 години и ја ранил нивната мајка која подоцна во болнички услови им подлегнала на повредите. По овој чин тој излегол надвор и продолжил да пука од истото огнено оружје кон граѓаните од оваа населба. Притоа убил уште седум лица и ранил шест.

На повик од граѓанте на лице место се упатиле полициските службеници кои во препукувањето тешко е ранет еден полициски службеник.

За сега не е јасно што го предизвикало В.Б. да го стори овој грозен чин во кој и самиот го загубил животот. Потенцирам дека пфричините за целокупниот злочин, вклучувајќи и убиството на В.Б. и понатаму се утврдуваат, пом што јавноста ќе биде известена за сите детали, соопшти  Брѓанин.