October 3, 2022 17:05
Спорт

Британскиот тренер по атлетика Миникјело доживотно суспендиран поради сексуално злоставување

Британскиот тренер по атлетика Тони Миникјело денеска е доживотно суспендиран поради недолично однесување, вклучително и сексуална злоупотреба на спортисти.

Судскиот орган на Атлетската асоцијација на Велика Британија го прогласи 56-годишниот тренер за виновен по четири точки од обвинението.

Миникјело ги допирал спортистите против нивна волја, заедно со несоодветни сексуални изјави, гестови, агресивно однесување, малтретирање и емоционална злоупотреба, во период од 15 години.

– Ова претставува грубо нарушување на довербата од страна на господинот Миникјело, што доведе до сериозни последици по менталното здравје на спортистите кои беа под негов надзор, се посочува вели во соопштението на локалната Федерација.

Во соопштението здружението им се заблагодарува на спортистите кои сведочеа против селекторот, без да ги споменат нивните имиња.

Во текот на својата кариера, Миникјело беше тренер на познатата британска атлетичарка Џесика Енис-Хил, која стана олимписка шампионка во седмобој во 2012 година. Таа, исто така, освои сребро на Игрите во Рио во 2016 година и три пати беше светски шампион.