August 15, 2022 20:32
Свет

Борел ги осуди воените активности на руската војска во близина на нуклеарната централа во Запорожје

Европската Унија ја осудува Русија за „неодговорното кршење” на принципите за нуклеарна безбедност со воени активности околу украинската електрана во Запорожје, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

„ЕУ ги осудува руските воени активности во близина на нуклеарната централа во Запорожје. Ова е сериозно и неодговорно кршење на принципите на нуклеарната безбедност и уште еден пример на руско непочитување на меѓународните норми”, напиша Борел на Твитер.

Тој побара Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да добие итен пристап до централата.

Шефот на МААЕ Рафаел Гроси претходно изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина е „целосно надвор од контрола” и ги повика Русија и Украина итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа.

sun win

sunwin tài xỉu sunwin club sunwin web

sunwin

sunwin tài xỉu sunwin club sunwin web

tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất game bài sunwin