October 3, 2022 17:46
Свет

Блинкен: Не можеме да дозволиме Русија да ја малтретира Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Јужна Африка изјави дека не може да се дозволи Русија да ја малтретира Украина.

– Ако дозволиме една голема земја да малтретира помала земја, да ја нападне и да ја заземе нејзината територија, тогаш тоа ќе биде отворена сезона, не само во Европа, туку и низ целиот свет, истакна Блинкен.

Тој додаде дека руската агресија ги загрози основните принципи на меѓународниот систем.

Блинкен ги коментираше и изјавите на кинеските претставници дека ќе ја прекинат соработката со САД за многу прашања, вклучително и за борбата против климатските промени.

– Кина на тој начин ќе го казни целиот свет, а посебно земјите во развој, како африканските, посочи Блинкен.

Американскиот државен секретар е во посета на Јужна Африка, од каде ќе отпатува за ДР Конго и во Руанда.