September 28, 2022 14:08
Спорт

Бенитез: Јувентус и Интер се фаворити за Скудетото

Поранешниот тренер на Интер и Наполи, Рафаел Бенитез, смета дека Јувентус и „нероазурите“ се фаворити за титулата во Серија А оваа сезона.

Бенитез смета дека актуелниот шампион Милан е веднаш позади Интер и Јувентус во трката за Скудетото.

„Интер и Јувентус се главни фаворити. Милан е солиден, не можеме а да не го сметаме за еден од тимовите за титулата, но другите два тима се фаворити. Го ценам Јуве што ги ангажираше Ди Марија и Бремер. Не треба да го отпишуваме Наполи, а ни Рома“.

„Жозе Мурињо направи импресивна селекција и ќе ја има задача исто така да се бори за титулата. „Волците“ беа еден од најимпресивните тимови со своите трансфери, ги добија Пауло Дибала, Вајналдум и Немања Матиќ“, изјави Бенитез.